За нас
Назад на почетна

Ние сме „Славно Крушево“.

Ова што го гледате пред вас е дел од проект кој се вика „Музеј посети во славно Крушево си“. Проектот е финансиран од Министерството за култура, а го имплементира Здружение за промоција, активизам и соработка „Од млади за млади“ Крушево, со поддршка на Национална установа (НУ) „Историски музеј“ Крушево.

Со проектот сакаме да ги претставиме музеите во рамки на НУ „Историски музеј“ Крушево, да ги доближиме особено до помладата генерација со користење на алатки за комуникација кои младите најмногу ги користат.

На slavnokrusevo.mk ќе најдете фото, видео и пишани информации за следните музеи: Илинден, Музеј на НОБ, Леарница, Галерија „Никола Мартиноски“

Следете ги нашите социјални мрежи Instagram и Facebook

Искрено се надеваме дека ќе ви се допадне нашата работа. Добредојдовте!