Детали
Галеријата денес е редок чувар на делата на уметникот Никола Мартиноски. Во галеријата ќе ги најдете делата „Две девојчиња“, „Дете со цигара“, „Борба на Мечкин Камен“ и други кои се само неколку од вкупно 61 оригинални дела. Галеријата Никола Мартиноски е отворена во 1968 година и во истата преку делата на Мартиноски е опишан секојдневниот живот на крушевчани во негово време. Никола Мартиноски е истакнат македонски уметник, родум од Крушево кој се смета за основоположник на развојот на македонската култура во 20-то век. Галеријата е отворена секој ден, освен понеделник, од 9 до 16 часот.
Информации
-
Работно време : секој ден, 09 до 16 часот
-
Локација : Никола Карев, бр. 62