Музеј на НОВ
Назад на почетна

Народно ослободителна војна

Детали

Отворен во 1988 година музејот на Народно ослободителната војна (НОВ) зборува за периодот од 1941 до 1945 година. Централно место во музејот има муралот на Борко Лазески кој го прикажува страдањето на македонскиот народ во периодот на Втората Светска војна.
Овој објект е прогласен за културно наследство на Македонија и истиот содржи предмети, медицинска опрема и оружје кои се користеле во погоре наведениот период, а во борбата против фашистичкиот окупатор.
Музејот на НОВ се наоѓа на месноста Гумење, во околината на споменикот Илинден и непосредно до Спомен куќата „Тодор Проески“. наоѓа т.н. „летна“ сцена која е централно место на многу настани поврзани со манифестации кои се псоветени на историското минато на Крушево.

Информации

  • Работно време : секој ден, 09 до 16 часот
  • Локација : Гумење