Леарница
Назад на почетна

Леарница

Детали

Леарницата датира од периодот на Илинденското востание. Отворена во 1903 година во екот на востанието леарницата била завиена во бојаџилница и останала неоткриена од Османлиите. Во овој објект се произведувале куршуми и се поправало оружје, а личното оружје на Никола Карев до денес се прикажува во овој историски локалитет. Оружјето кое што е собрано во леарницата е од битката на Слива.
*Битката кај Слива е една од последните броби во одбрана на слободната Крушевска Република. Група предводена од Ѓорѓи Стојанов и Диме Смугрев се соочила со многубројната османлиска војска и до последен човек останале да ја брана слободната територија.
Музејот се наоѓа по патот кој води до месноста Гумење
За да ја посетите леарница контактирајте го НУ „Историски музеј“ Крушево.

Информации

  • Работно време : секој ден, 09 до 16 часот
  • Локација : Томе Никле бр. 56
    *Посетата на овој музеј се остварува со најава во културно информативниот центар на НУ „Историски музеј“ Крушево на Гумење