Блог за НОБ
Назад на почетна

Мурал на Борко Лазески

Блог

Непокорот на Мише Ефтим и 700-те борци кои го ослободуваат Крушево

Што претставува муралот на Борко Лазески?

Муралот на Борко Лазески зборува за отпорот на населението во Крушево против бугарскиот окупатор во периодот до 1944 година преку неколку фотографии. Фотографија од 5 члена од месните комитети на КПЈ во периодот од 1942 година до 1944 година, понатаму од мрежата на партиски организации во Крушево и крушевско во периодот од 1941 година до 1944 година а подолу се поставени документи од воведувањето на полициски час во Крушево во годините 1942 и 1943 година.

Во продолжение даден е опис на репресијата на Бугарите во периодот 1941-1944 година и фотографии од затворите во кој што биле убиени борци во периодот 1942-1943 година заедно со слика од куќата каде што се самоубива Мише Ефтим, несакајќи да се предаде на бугарската полиција во Крушево.

Значаен дел од поставката е и оригиналното знаме на крушевскиот одред “Питу Гули” и друг дел се слики од борци од првата македонско-косовска бригада во с.Пуста Река и панорама од селото која што била една од значајните бази во крушевскиот реон

Понатаму, прикажан е процесот на формирање на народноослободителни одбори како повисок чин на организација на народот, а во долниот дел се дактилографските машни кои што служеле за комуникација помеѓу партизанските одбори.

Тука се фотографиите од пролетта 1943 година каде расформираниот одред “Питу Гули”, се спојува со новоформираните батаљони и бригади и исто така слики од батаљонот “ Mирче Ацев “ и слика од познатиот Февруарски поход. Значаен дел опфаќа, исто така, медицинската опрема на лицата кои што биле задолжени да даваат прва помош на ранетите борци.

Понатаму стои објаснување за с.Пуста Река каде што во пролетта 1944 година кое било еден вид собиралиште и регрутен центар на Партизаните со фотографија од мрежата на народноослободителните одбори во крушевското подрачје. Поставката понатаму продолжува со слика од манастирот Прохор Пчински и слики од народните веселби на дел од поставката е грбот на Македонија во тој временски период.

Последниот дел почнува со решенијата и декларацијата на АСНОМ и во долниот дел ранци, компас и пиштол од борците и објаснување за пролетта 1944 година каде што по наредба на штабот на НОВ и ПОМ (Партизанските одреди на Македонија) бил формиран вториот крушевски партизански одред “Питу Гули”. Овој одред заедно со крушевскиот партизански одред и единиците на првата и петтата македонска (крушевска) бригада со над 700 борци кои што со заеднички сили го ослободуваат Крушево на 08.09.1944 година.

На крајот илустрирано е ослободено Крушево.

Благодарност до Национална установа „Историски музеј“ Крушево и кустосот Јоргу Папакоча