Непокор, борба која трае, поставување на темели на државата
Македонската борба во музејот на НОВ
Отворен во 1989 година Музејот на НОВ го претставува периодот од Илинденското востание, па се до Втората Светска војна. Музеј кој ја прикажува борбата на македонскиот народ и победничките етапи против неколку окупации.
Музејот на НОВ е отворен во 1989 година и во поставката го претставува во најголемиот дел од периодот на народноослободителната борба во Крушево и крушевско и во Македонија.
Во почетокот на поставката е претставен Илинденскиот период и Крушевската Република заедно со Манифестот и слики од тој временски период, за понатаму продолжува со Балканските војни и слика со картата на поделена Македонија по завршувањето на Балканските војни.Поставката продолжува во периодот после Балканските војни и првата светска војна се до почетокот на формирањето на првата ќелија на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) во Крушево во мај 1935 г. на чело со Никола Ѓурковиќ за понатаму да продолжи поставката со слики од собиранки од младината на КПЈ непосредно пред почетокот на Втората светска војна.
Вториот дел од поставката е карта од окупацијата на фашистичка Германија на Југославија во април 1941 година, каде што најголемиот дел од Македонија е окупирана од Бугарија, додека другиот помал дел е додаден на Албанија. Крушевското подрачје е окупирано од 5-тата бугарска армија, во овој дел од поставката има слики од бугарската окупаторска власт по повод честувањето на 39-годишнината од Илинденското востание како дел од пропагандата на Бугарија. Во овие услови КПЈ била единствената организирана сила која што се спротиставила на окупаторот. Па така на 27.06.1941 година КПЈ го формира првиот главен штаб, а на 04.07.1941 донесува и решение за формирање на партизански одреди низ цела Југославија. Како дел од оваа поставка е и слика од месноста “ Црвени стени’’ каде што во почетокот на октомври се формира прилепскиот партизански одред “Гоце Делчев” и под таа слика е сликата од Трајко Тарцан и Мице Козар кои биле борци во првиот прилепски партизански одред. На 11 Октомври овој одред извршил напад на бугарските објекти во Прилеп.
Важен дел од оваа поставка е исто така и сликата од месноста “ Грујова нива” каде што на 16.04.1942 година е формиран крушевскиот партизански одред “Питу Гули” и исто така и слика од куќата каде што е донесено решението за формирање на одредот и последен дел од оваа поставка е слика од воените штабови и комисии во Македонија во 1941 година.
Наредниот дел од поставката е витрина во кој што има вкупно пушки и неколку автомати на број 14 кои што го одликува борбени дејствија и со какво оружје располагале партизаните. Понатаму продолжува со 22 слики од борци од првиот партизански одред “ Питу Гули”, за да заврши поставката со слика од борбениот пат на крушевскиот одред кој од формирањето на 16.04.1942 до ноември имал многу воени акции и во зимата 1942 година бива привремено поделен во три групи: 1.Во Крушево 2.Во с.Пуста Река и 3. Во дел од западна Македонија.
Благодарност до Национална установа „Историски музеј“ Крушево и кустосот Јоргу Папакоча