Повелете во Славно Крушево
Назад на почетна

Повелете во Славно Крушево

Блог

Ви посакувам добредојдовте на место каде што ќе се потрудиме да ви ги претставиме историските и културни богатства на историското и славно Крушево. Затоа и го насловивме нашиот проект „Музеј посети во славно Крушево си“.

Што поконкретно ќе може да погледнете и да дознаете на нашиот веб сајт?

Најпрво ќе погледнете фотографии. Прекрасни фотографии од вкупно 4 музеи кои се дел од Националната установа (НУ) „Историски музеј“ Крушево. И, ве уверуваме, ако не сте биле во некој од овие музеи нашите фотографии ќе ве натераат при првата наредна посета да ги посетите.

Со оваа интернет страница и нашите канали на Инстрагам и Фејсбук под наслов Славно Крушево ќе ви претставиме што музеите нудат и колку навистина Крушево е славно.

Но, ништо од ова немаше да се реализира ако не се родеше идејата на здружението „Од млади за млади“. Таа идеја сака да зборува за вистинсакта вредност на Крушево, колку има тука да се спознае и што нуди градот, односно музеите од туристички аспект.

По развојот на идејата истата беше препознаена од Министерството за култура. Министерството одобри финансии и со тоа даде силна поддршка на проектот. Го насловивме „Музеј посети, во славно Крушево си“ и започнавме со реализација.

Создадовме страница на Фејсбук и профил на Инста и започнавме со објави. Фотографиравме и снимавме видеа и започнавме да ги споделуваме. Целината ја заокружуваме со овој веб сајт.

Силна поддршка ни’ даде и НУ „Историски музеј“ Крушево. Ги споделија сите важни информации, соработуваа со нас и нивната стручност го прават нашиот проект успешен.

Ви благодариме на сите што не’ поддржавте, а сега се на ред сите посетители на Крушево, љубителите на историјата, оние што со насмевка зборуваат за славно Крушево и сите горди на нашето историско, македонско минато.

Повелете и уживајте.